Северна Кореја го одложи мечот со Јапонија поради необична причина

Јапонија вчера на домашен терен ја победи Северна Кореја со 1:0 во четвртото коло од групата Б од азиските квалификации за Светското првенство (СП) 2026.

Овие две репрезентации требаше да одиграат нов квалификациски натпревар во севернокорејскиот главен град, Пјонгјанг, во вторник, на 26 март.

Но тој натпревар е одложен, соопшти Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) и додаде дека случајот ќе биде префрлен во ФИФА, која ќе одлучи што ќе прави со неодиграниот натпревар.

Шефот на Фудбалскиот сојуз на Јапонија, Козо Ташима, ја потврди одлуката на Северна Кореја да го одложи натпреварот. Наводно Северна Кореја е загрижена поради „опасната заразна болест“ во Јапонија, веројатно поврзана со зголемувањето на стрептококните инфекции, објави весникот „Кјодо њуз“.

Северна Кореја последен пат беше домаќин на меѓународен натпревар во 2019 година, по што се повлече од квалификациите за СП 2022 година поради страв од пандемијата на коронавирус.

Во квалификациската група Б за СП 2026 се Сирија и Мјанмар. Северна Кореја треба да биде домаќин на преостанатите противници од групата во јуни.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО