Јапонија бара милиони од Иниеста за неплатени даноци

Јапонските власти бараат 3,5 милиони евра од Андрес Иниеста, откако е откриено дека тој не ги пријавил уредно сите приходи за време на престојот во земјата и не платил данок на нив.

Поранешниот играч за врска на шпанската репрезентација и една од иконите на Барселона беше член на Висел Кобе од 2018 до 2023 година.

Иниеста си замина од Висел со три трофеи, меѓу кои е и шампионската титула во јапонскиот шампионат минатата година.

За тој клуб тој одигра 134 натпревари, со ефект од 26 гола и 25 асистенции. Иниеста (39) сега го носи дресот на Емирати, клуб кој е во зоната за испаѓање во фудбалскиот шампионат на Обединетите Арапски Емирати.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО