Инцидент на Ѓоковиќ со еден навивач: Дојди, симни се – кажи ми го тоа во лице!

Новак Ѓоковиќ извојуваше исклучително тешка победа против Александар Попирин со 3:1 во сетови, а малку недостасуваше натпреварот да оди во непосакуван правец за српскиот ас.

Кога го гледаме резултатот, може да се заклучи дека Ѓоковиќ мечот го доби практично во третиот сет, кој го доби во тај-брејк поени, а тоа доколку беше спротивно, Попирин ќе поведеше со 2:1 и потоа мисијата на Ѓоковиќ ќе беше уште потешка.

Но Ѓоковиќ имаше една мини вербална пресметка со навивач од трибини кој реши да го испровоцира српскиот тенисер, на што Ѓоковиќ реагираше со коментарот… „Дојди овде, симни се ако сакаш на теренот.

Веројатно потоа и навивачот беше предупреден од обезбедувањето дека тоа му е прво и последно предупредување, па до крајот на мечот тој беше тивок.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО