Сејдини се пофали: ФФМ подели 5680 топки на клубовите

Фудбалската федерација на Македонија распределува 5.680 фудбалски топки (FIFA QUALITY PRO “IMS – International Match Standard”) на младинските клубовите од сите категории (младинци, кадети, пионери, помлади пионери, петлиња, помали петлиња) во рамки на натпреварувањата за млади категории на ФФМ.

-Со континуираната помош и во финансиска и во техничка смисла (опрема, фудбалски топки, трошоци за патување, официјални лица), ФФМ потврдува дека на младинскиот фудбал веќе одамна не се гледа како на ентузијастички придонесувач. Важно е што покажуваме дека базичниот фудбал се третира на вистинско ниво. Ќе продолжиме во таа насока, вели Муамед Сејдини – претседател на ФФМ.

Со последната донација на ФФМ за распределба на 5.680 фудбалски топки, вклучени се вкупно 122 клубови.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО