Рој Кин: Ме „привлекува“ селекторската функција во Република Ирска

Рој Кин, легендарниот капитен на Манчестер јунајтед од трофејните денови, вели дека го „привлекува“ селекторската функција во Република Ирска и оти доколку добие таква понуда добро би размислил.

Република Ирска е во процес на барање нов селектор по заминувањето на Стивен Кени во ноември. Се очекува неговиот наследник да биде познат пред пријателските натпревари против Белгија и Швајцарија во март.

Кин (52) беше дел од тренерскиот тим на Мартин О’Нил во репрезентацијата на Р. Ирска помеѓу 2013 и 2018 година. Под нивно водство Ирците се квалификуваа за финалниот турнир на ЕП 2016 во Франција по што двајцата си заминаа во ноември 2018 година.

– Меѓународен фудбал, уживав кога бев тренер. Ми се допаѓаше динамиката, тоа што не си секој ден на терен, што не си ангажиран околу доведувањето нови играчи. Да, меѓународниот фудбал ми е привлечен,  изјави Кин, кој има одиграно 67 натпревари за Р. Ирска, помеѓу 1991 и 2005 година.

Кин беше дел од стручниот штаб на О’Нил и во Нотингем форест, во втората половина од сезоната 2018/19.

Тренерската кариера ја започна во Сандерленд во 2006 година. Во првата сезона ги предводеше „Црните мачки“ до пласман во Премиер лигата, а од клубот си замина во декември 2008 година. Откако го напушти Ипсвич во 2011-та нема работено како тренер.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО