Чаби Алонсо прв фаворит за наследник на Клоп

Јирген Клоп сензационално најави дека ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната по што обложувачниците веднаш почнаа со шпекулаците и со квотите за неговиот потенцијален наследник.

Поранешинот играч на Ливерпул од средниот ред, Шпанецот Чаби Алонсо се појави како прв фаворит да го замени Јирген Клоп на „Енфилд“. Тој моментално прави чуда во Германија, со Баер Леверкузен кој e лидер во Бундес лигата, na својата прва тренерска работа.

Во обложувачниците како сериозен кандидат се спомнува и помошникот на Клоп, Пеп Лијндерс, доколку и тој не го напушти Ливерпул на крајот од сезоната.

Следен на таа листа е легендата на „црвените“, Стивен Џерард. Toj има одиграно 709 меча за време на долгата и трофејна кариера со „црвените“, и ги освои Лигата на шампиони (ЛШ), Купот на УЕФА и ФА купот.

Џерард моментално го тренира Ал-Етифак, во Саудиска Арабија, откако беше отпуштен од Астон вила во октомври 2022 година, по само 11 месеци.

Натаму на листата следуваат менаџерот на Брајтон, Роберто Де Зерби, Јулијан Нагелсман, Ангелос Постекоглу, па Лучијано Спалети, Диего Симеоне, Антонио Конте итн.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО