Се топи една историја: Продадени осум уникатни часовници од колекцијата на Шумахер

На една од последните аукции кои беа организирани за продажба на златни часовници, таму се продадени осум уникати од сопственоста на Михаел Шумахер.

Семејството на некогашниот шампион во Ф1, Михаел Шумахер, беше соочено да мора да продава дел од уникатите на Михаел, со цел да ја продолжи борбата и неговото лекување.

Светските медиуми пишуваат за аукцијата на „Кристи“, агенцијата од Женева која се занимава со препродажба на разни уникати, меѓу кои и скапи часовници.

Вкупно се продадени осум часовници кои некогаш ги носел Михаел Шумахер, а најскапиот брои 1,5 милиони франци, додека најевтиниот бил само 150 000 швајцарски франци.

– Колекционерите беа воодушевени од она што го поседува Михаел Шумахер, кои се дел од една историја, порача шефот на „Кристи“ во Европа, Реми Гиљемин.

Со овие средства како што рековме, ќе биде продолжено лекувањето на најтрофејниот ас во историјата на Формула 1.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО