Постекоглу му се пушти на еден навивач на Тотенхем: Што по ѓаволите правиш?

Тотенхем го загуби дербито синоќа против старо-новиот лидер во првенството, против Манчестер Сити.

Тимот од Лондон се уште имаше некои математички шанси да обезбеди ЛШ пласман, но по синоќешниот пораз Тотенхем се отпиша од таа опција.

Но како што стојат работите, не им пречеше премногу поразот на домашен терен, бидејки Арсенал сега е второпласиран и со помали шанси за освојување на титулата, а познато е дека Тотенхем и Арсенал се омразени градски ривали.

Дел од атмосферата на трибини токму тоа и го сведочи. Кога Манчестер Сити поведе, на дел од трибините се случи славје, кое беше одвратно во лицата на навивачите на Тотенхем, но по натпреварот загриженост за тоа изрази и тренерот на Тотенхем, Анге Постекоглу.

– Недостасуваше поддршката на нашите навивачи, на момент имав чувство дека дел од нив повеќе посакуваат Манчестер Сити да победи поради одредени цели. Јас овде сум за да победувам, затоа дојдов, можеби немам исти приоритети и со дел од навивачите, порача Постекоглу.

Дури во самиот финиш Постекоглу не можеше да издржи и отиде до трибините со цел да се пресмета вербално со еден навивач кој славеше како да Тотенхем освоил Лига на шампиони.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО