УЕФА: Само капитените ќе може да разговараат со судиите на ЕП!

Европската фудбалска унија (УЕФА) им кажа на тимовите, учесници на Европското првенство (ЕП) 2024 во Германија дека само капитените ќе смеат да им пристапуваат на судиите за да дискутираат за нивните одлуки на натпреварите. Другите играчи кои ќе го прават тоа ризикуваат да добијат картон.

Потегот на УЕФА е со намера да се спречат групи играчи кои би им правеле „мобинг“ на судиите во сцени што се „лоши за имиџот на фудбалот“.

– Идејата е едноставна, бараме од сите тимови да се погрижат нивниот капитен да биде единствениот играч кој ќе зборува со судијата. Бараме од капитените да се погрижат нивните соиграчи да не му се приближуваат и да го опкружуваат судијата, односно тие директно да разговораат и потоа одлуката да ја пренесат, вели Роберто Розети, главниот одговорен за судење на УЕФА.

ЕП ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули, и ќе почне со натпреварот меѓу домаќинот Германија и Шкотска, во Минхен.

– Секој играч кој ќе ја игнорира улогата на својот капитен и ќе му пријде на судијата покажувајќи какви било знаци на непочитување или несогласување ќе добие жолт картон. Доколку капитенот е голман, тогаш ќе треба друг играч на теренот да ја превземе неговата улога во случај на некаков инцидент на спротивниот крај од теренот, додаде Розети.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО