Белоруската тенисерка Арина Сабаленка го почна турнирот во Мајами со победа против својата добра пријателка Паула Бадоса со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-3.
Ова беше прв меч за Сабаленка по трагедијата во која почина нејзиното поранешно момче Константин Колцов.
Натпреварот траеше 84 минути, а Сабаленка одигра на врвно ниво и заслужено обезбеди пласман во следното коло.