Румениге: Го имаме вистинскиот тренер!

Првиот човек на Баерн Минхен, клупската легенда Карл –Хајнц Румениге, се осврна на ангажманот на Венсан Компани на тренерската позиција.

– Мислам дека тој ја претставува вистинската филозофија. Сите знаеме дека Баерн игра релативно напаѓачки и доминантен фудбал. Тоа е фудбалската филозофијата што ни е потребна, изјави Румениге.

Компани, 38-годишниот Белгиец, кој потпиша договор до летото 2027 година, ќе заработува од седум до девет милиони евра по сезона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО