Донарума верува во успех на „азурите“ на ЕП

Репрезентацијата на Италија на претстојното Европско првенство (ЕП) во Германија (од 14 јуни до 14 јули), ќе ја има улогата на бранител на трофејот. „Азурите“ во првата фаза ќе бидат во групата со Шпанија, Хрватска и Албанија. Првиот меч Италија ќе го игра против Албанија во Дортмунд, на 15 јуни.

Капитенот Џанлуиџи Донарума, вели дека сите во репрезентацијата се насочени кон новиот предизвик и одбраната на титулата.

– Добро се подготвуваме за натпреварите и за се’ што не’ очекува. Нашите противници знаат дека ќе имаат работа со Италија. Но на сите тимови ќе им биде тешко во групата, беа зборовите на голманот на Италија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО