Ѓоковиќ изненаден на Индијан Велс: Ова е тотален шок, на вакво нешто не сум навикнат

Новак Ѓоковиќ нема навика во ова време од годината, во март, да нема ниту еден трофеј, а тоа е случај годинава. Последен пат тоа му се случило во 2022 година.

Српскиот тенисер таа година не можеше да игра на Австралија Опен и до март немаше никаков трофеј, а годинава тоа му се повторува.

Сезонава беше поразен на Австралија Опен, а сега го заврши шокантно и натпреварувањето на Индијан Велс. Од него подобар беше далеку послабиот противник Лука Нарди, кој е 123-ти тенисер на ранг листата и кој победи со 6:4, 3:6, 6:3.

– Да, оваа година сум без титула досега, тоа е нешто на кое не сум навикнат. Ја почнувам сезоната секогаш со триумф на гренд слем турнир или пак во Дубаи, но годинава е поразлично. Добро, тоа е секако дел од спортот.

– Тоа мора да го прифатам, некогаш ќе се победи, некогаш ќе загубам, се надевам дека во блиска иднина ќе ја освојам првата титула годинава. Претпоставувам дека отсега натаму секој трофеј кој ќе го освојувам ќе биде одличен за мене, порача Ѓоковиќ.

Новинарите го прашаа какви му се плановите за Мајами, дали ќе игра на Мастерсот во Флорида.

– Да, веројатно ќе играм. Мајами ми е на агендата, пред само 10 минути бев на терен и главата ми уште под влијание, морам да земам ден, два, да се смирам, потоа да видам што сакам да направам, се надоврза српскиот ас.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО