Роналдо на мечот против Хрватска ќе постави нов светски рекорд?

Најдобрите репрезентации на стариот континент се подготвуваат за Европското првенство (ЕП) во Германија што ќе почне на 14 јуни. Хрватска која вчера на контролниот натпревар ја победи Македонија со 3:0 во Риека, в сабота ја чека многу потежок тест, и гостува на Португалија.

Не е сигурно дали Роналдо ќе биде во тимот на Португалија на натпреварот против Хрватска, бидејќи доби кратка пауза по сезоната, но доколку настапи ќе постави нов светски рекорд.

Тој меч во сабота Роналдо ќе биде 1.226-ти натпревар во кариерата. Ниту еден фудбалер во историјата нема одиграно толку натпревари на највисоко ниво, кое вклучува играње прволигашки мечеви, национални купови, меѓународни клупски и репрезентативни натпревари.

Роналдо моментално го дели рекордот со бразилскиот голман Рожерио Цени, кој кариерата ја заврши во 2015 година.

Роналдо е рекордер и според бројот на репрезентивни настапи. За Португалија тој има одиграно 206 натпревари и е единствениот играч во историјата со повеќе од 200 натпревари за национален тим.

Професионалната кариера тој ја почна во 2002 година и сè уште не запира што значи дека и натаму ќе ги подобрува рекордите.

Во Германија, Кристијано Роналдо (39) ќе стане првиот играч во историјата кој настапил на шест ЕП. Веднаш зад него е капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ, кој ќе се појави на пет шампионати!

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО