Бундеслигашите го избраа најдобриот играч на сезоната

Германскиот магазин „Кикер“ направи анкета меѓу Бундеслигашите за избор на најдобриот играч во сезоната во која учествуваa 227 играчи.

„Победник“ е Флоријан Вирц од Баер Леверкузен кој доби 51,1 отсто од гласовите. Вирц сезонава на 32 натпревари во Бундеслигата постигна 11 гола и имаше исто толку  асистенции. Уште двајца други играчи на Баер влегоа во „топ 3“, Гранит Џака и Алекс Грималдо.

Вирц има договор со „фармацевтите“ до летото 2027 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, неговата пазарна вредност изнесува 110 милиони евра.

Баер сезонава за прв пат во клупската историја стана шампион на Германија, а го освои и Купот на Германија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО