Роналдо ги загуби нервите, потоа доби и црвен картон

Во полуфиналето на Суперкупот на Саудиска Арабија, одиграно на неутрален терен, Ал-Хилал славееше над Ал Наср со 2:1, што беше неверојатна 33-та победа во низа со што го подобрија сопствениот светски рекорд.

Ал Хилал веќе и со 32-те победи го урна рекордот по бројот на победи во низа во сите натпреварувања што 76 години го држеше Белфаст Селтик.

Но, мечот повеќе се спомнува по инцидентот во 86. минута кога Роналдо направи глупава грешка и доби директен црвен картон, за прв пат по 2018 година кога играше за Јувентус, на натпреварот од Лигата на шампиони (ЛШ) против Валенсија.

Ситуацијата почна прилично банално. Ал Наср доби аут на центарот, а Роналдо се обиде што побрзо да дојде до топката за да продолжи играта. Во тој момент целосно ги загуби нервите и со лакт го удри противникот. Потоа играчите почнаа се туркаат, а судијата му покажа црвен картон на Португалецот.

Тоа на Роналдо не му беше доволно, саркастично му ракоплескаше, а по излегувањето од теренот покажа кон судијата и побара од публиката и таа да му ракоплеска!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО