Перез до играчите на Реал: Победете го Сити со повеќе од еден гол разлика

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, вчера им се обратил лично на фудбалерите на „кралскиот клуб“ пред дуелот со Манчестер сити во Лигата на шампиони (ЛШ).

Шпанските медиуми пренесуваат дека Перез побарал од фудбалерите на Карло Анчелоти да победат со резултат кој ќе им овозможи поголема сигурност пред реваншот во Англија. Тој изразил доверба во квалитетите на играчите и им порачал дека можат да го минат големиот ривал.

– Не е доволно само да победиме, треба да се обидеме да го направиме тоа со повеќе од еден гол разлика… Сигурен сум дека можете да го направите тоа, ние мадриѓаните веруваме во вас, им рекол Перез.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО