Раководството на Ролан Гарос објави дека ќе му оддаде посебна почест на живата легенда на овој гренслем турнир, Рафаел Надал, на првиот ден од годинашното натпреварување.
-Тоа ќе биде церемонија полна со изненадувања, изјави директорката на турнирот, Амели Морезмо.
Церемонијата ќе се одржи на теренот „Филип Шатрие“ по првите три дневни меча.