Ролан Гарос добива нов шампион

Завесата на овогодинешниот Ролан Гарос, кој во првата недела не донесе никогаш повеќе дожд и на кој се играа натпревари до утринските часови, за кои беа критикувани организаторите, денеска ќе се спушти. За пехарот од 15 часот ќе се борат Шпанецот Карлос Алкараз и Германецот Александар Зверев. Третиот против четвртиот тенисер во светот, а само славеникот ќе испише историја.

Париз ќе добие нов шампион, откако српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се повлече од турнирот по осминафиналето против Франциско Серундоло поради повреда на менискусот.

Алкараз има две Грен слем титул – славеше на „US Open“ во 2022 година и на Вимблдон во 2023 година и е најмладиот играч во историјата кој стигнал до финалињата на најголемите турнири на сите три површини.

– Тоа е сјајно. Соборувањето рекорд е голем успех за мене. Не сакам да размислувам за такви работи пред финалето, но тоа значи дека играм добро на сите подлоги. Отсекогаш сакав да бидам еден од најдобрите во светот. Ако сакам да бидам таков, морам да бидам добар на секоја површина, како Роџер, Новак, Рафа, Мареј… Сите тие имаа успех на секоја површина. Се сметам за играч кој може добро да го прилагоди својот стил на игра на површината. Пораснав на земја, но поудобно се чувствувам на тврда подлога. Мислам дека играта ми е погодна и за земја, изјавил Алкараз.

Германија е тениска земја, но нема победник на Ролан Гарос во опен ерата. Борис Бекер никогаш не стигна ни до финалето, додека Микаел Штих го загуби финалето во 1996 година од Русинот Евгениј Кафелников. Затоа, денеска Зверев ќе игра и за себе и за Германија. Тој го загуби своето прво финале во 2020 година на „US Open“ од Доминик Тием, но сега е многу поискусен.

– Сакам да го играм мојот најдобар тенис и да си дадам шанса за титулата. Ако успеам и ако го освојам пехарот, тоа многу ќе ми значи – изјавил Зверев, кој мораше да помине многу за да стигне до своето второ ГС финале.

– Од финалето на US Open каде што бев на два поени од успехот, до тоа што пред две години ме изнесоа од теренот во Париз во инвалидска количка. Сето тоа е дел од патувањето, додал Германецот.

Тој има подобар учинок во пресметката со Алкараз (5-4), но пред него е голема битка.

– Имавме тешки натпревари во минатото, веројатно јас сум играчот против кого одигра најмногу натпревари во кариерата. Очекуваме голема борба. Нема лесен меч во финалето на Грен слем и нема лесен противник. Ако сте во финалето на Ролан Гарос, тогаш заслужувате да бидете таму. Истото важи и за мојот ривал, кој одигра фантастично во полуфиналето и игра фантастично во текот на целиот турнир, додал Зверев.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО