Роке има понуди од многу клубови

Mногу екипи се заинтересирани за 19-годишниот фудбалер, Виктор Роке, кој има статус на резерва во екипата на Барселона. Неговиот агент деновиве директно го изрази незадоволството бидејќи неговиот клиент се појави само на 13 средби. Според информациите, меѓу кандидатите се две од екипите од Англија – Тотенхем и Челзи.

 

Претходно со името на Роке се поврзуваа и неколку состави од Шпанија. Барса според договорот со неговиот претходен клуб, Атлетико Параненсе, ќе треба да плати 31 милион евра и уште 25 милиони како разни бонуси.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО