Ројевиќ: Дадовме срце и душа за Охрид

Ракометниот клуб Охрид ќе игра историско финале во ЕХФ Купот, откако го доби двомечот со Целје.

Реваншот на домашен терен беше драматичен, па на крајот пеналите мораа да го решаваат финалистот.

По големата победа над словенечкиот ривал коментар за одиграното даде тренерот Борис Ројевиќ.

„Знаете како, кога ќе се анализира натпреварот играме 60 минути со два бека, плус Иванковиќ кој не е во форма, иако не носеше цела сезона. Знаете колку е тешко два средни бека да носат тим против ваков ривал кој не запира 60 минути, со многу поширока ротација од нас. Мислам дека со седум на шест неколку пати се враќавме во игра, публиката не влечеше и сметам дека заслужено сме во финалето. Одигравме два неверојатни натпревари, пресреќни сме и ние и цел Охрид.

Да имавме два леви бека, Петриќ и Борозан кои се повредени, мислам дека наназад ќе беше многу полесно и подобро. Во оваа ротација, неверојатно е да се извлече вака натпревар. Многу е тешко, ама туркаме до крај да дадеме срце и душа за овој клуб, нема друго“, ни изјави Ројевиќ.

Противник на Охрид во финалето ќе биде екипата на Татабања, а српскиот тренер го прокоментира и тој двомеч.

„Татабања има 4-5 милиони евра буџет, па сметајте колку овој тим е квалитетен. Ние сме пресреќни со ова финале, ќе дадеме свој максимум повторно, па ќе видиме за што ќе биде тоа доволно“, заврши Србинот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО