Рој Кин со порака до Халанд: Четврта англиска лига, четврта!

Во дербито од 30. коло во Премиерлигата, Манчестер Сити и Арсенал одиграа бледо дерби, без голови, а навивачите на двете екипи не се задоволни, бидејки и двете страни посакуваа триумф на оваа пресметка.

Одбраната на Арсенал имаше добар натпревар, а посебно неубедлив беше гол машината како што го нарекуваат Ерлинг Халанд, кој во одредени моменти прописно се посрамоти.

Халанд оваа сезона во Премиерлигата против екипи од топ5 (Арсенал, ЛЛиверпул, Тотенхем и Астон Вила), одигра шест натпревари, а успеа да постигне само еден гол.

Дека нешто не е во ред со Халанд сезонава, се согласува и жестокиот Ирец, Рој Кин, кој заедно со Гери Невил, беа дел од отвореното студио на Скај Спорт.

– Ова беше доста лошо, неговата игра е слаба, пред голот е катастрофа. Играта искрено му е на квалитетот од една четврта лига во Англија. Мора да ја поправи формата, мора да работи на тоа, порача Рој Кин.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО