Мал проблем со дресовите на Германија за ЕП: Имало облици на „нацизам“ (ФОТО)

Познатиот германски историчар Михаел Кениг, ги оспори новите дресови на репрезентацијата на Германија, за кои смета дека имаат изглед и потсетуваат на некогашниот нацизам.

Скоро 70 години репрезентацијата на Германија носеше дресови од најпознатиот домашен спортски бренд Адидас, сега тоа ќе се промени, но последниот дрес ќе им биде изработен за следното ЕП.

Но како и да е, не се сите импресионирани од изгледот и дизајнот на новите дресови од Адидас. Споменатиот Михаел Кениг, потенцира дека дресот, односно бројот 44 неодоливо потсетува на ознаките СС дивизијата од минатото, ознаки кои се озлогласени низ историјата.

– Од историска перспектива, ова е доста под знак прашалник дали треба овие „СС“ дресови треба да се најдат на Европското првенство, порача Кениг.

На ЕП, дресот со број 44 нема да биде употребуван, бидејки репрезентациите се стандардизирани од 1 до 26. Но сепак, навивачите во Германија ќе имаат можност да го порачаат тоа бројче и со такви дресови да шетаат низ стадионите, а притоа тие да потсетуваат на една злонамерна организација од Втората светска војна.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО