Шокантна вест од Енфилд: Јирген Клоп ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ќе се повлече од функцијата на крајот од сезоната, велејќи дека „снемува енергија“.

Шокантната вест за заминувањето на Клоп беше објавена утрово во емотивното видео преку социјалните мрежи на клубот од „Енфилд“.

Германецот Клоп го го презеде клубот во октомври 2015 година и е единствениот менаџер на Ливерпул кој освоил шест различни големи трофеи, Лигата на шампиони (ЛШ), Суперкупот на УЕФА, клупското Светско првенство (СП), Премиер лигата, ФА купот и Лига купот.

-Ова му кажав на клубот уште во ноември. Можам да разберам дека ова е шок за многу луѓе во овој момент, кога ќе го чуете за прв пат. Но јас можам да објаснам, или барем да се обидам да објаснам. Сакам апсолутно сè во овој клуб, сакам сè во градот, сакам сè за нашите навивачи, го сакам тимот, го сакам персоналот.Сакам се’.Но, тоа што сè уште ја доносувам оваа одлука покажува дека сум убеден дека треба да ја донесам, рече Клоп.

Клоп додава дека на некој начин му снемува енергија.

-Сега немам проблем, апсолутно сум добро. Но подолго време знаев дека ќе треба ова да го објавам во еден момент. Знам дека не можам да го правам ова повторно, повторно, повторно и повторно…По многуте години заедно и по времето минато заедно, и по сите работи низ кои поминавме, почитта растеше, љубовта порасна и најмалку што ви должам е вистината, а ова е вистината, истакнува Клоп.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО