Родри развива теорија зошто Арсенал не успеал сезонава да ја освои Премиерлигата

По шести пат последните седум сезони во Премиерлигата, Манчестер Сити е екипата која го освојува трофејот во Премиерлигата.

Тоа е нестварна доминација, па дури и Манчестер Јунајтед во времето на Алекс Фергусон не бележеше таква серија на доминација.

За разлика од минатата сезона, кога Арсенал падна во ритамот многу порано пред да заврши сезоната, годинава водеше инает на Сити до последното коло, но повторно не дојдоа до тој за нив многу важен трофеј.

Еден од клучните играчи на Сити сезонава повторно беше Родри, кој посочи зошто Арсенал не успеал да ја освои титулата сезонава.

– Искрено, мислам дека проблем за нив е менталиутетот. Арсенал одигра неверојатна сезона, ја заслужуваа титулата, но мислам дека разликата беше во главите. Кога гостуваа кај нас, си реков, овие момци, не сакаат да не победат, сакаат само да извлечат бод, е тоа е менталитетот. Ние немаше така да се однесуваме. Со нас така стојат работите, ако ни дадете шанса, ќе ве победиме, на крајот се се сведува на победничкиот менталитет, порача Родри.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО