По неуспехот на Денвер сезонава: Јокиќ со краток коментар кој да освои титула во големото финале

Денвер сезонава нема да го бранат трофејот, откако беа поразени во конференциското финале од тимот на Минесота со 4:3.

Тие се поразени во Западната конференција со вкупни 4:3, а посебно болно беше што последниот пораз дојде во последниот, седми натпревар (90:98).

Јокиќ во разговор со новинарите по натпреварот, делуваше прилично разочарано и исцрпено, па порача кој посакува да ја освои титулата годинава.

– Посакувам Лука Дончиќ и неговите да ја освојат титулата, тој ми е пријател, толку околу таа тема, порача Јокиќ, кој очигледно не беше премногу расположен да зборува и анализира по поразот и елиминацијата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО