Родик го нападна Ѓоковиќ за некои не фер работи на мечот против Нарди: Тоа му беше очајно!

Некогашниот шампион од УС ОПЕН, Енди Родик, го критикува Новак Ѓоковиќ поради една ситуација од Индијан Велс годинава.

Станува збор за мечот од 3. коло, кога српскиот тенисер шокантно беше поразен од „анонимусот“ Лука Нарди, но на Американецот му засмета тоа што Новак Ѓоковиќ во еден момент од средбата, влезе во расправија со судијата.

– Тоа беше очајнички потег. Не гледам зошто Новак би бил така очаен против тенисер кој е на 123. позиција на ранг листата. Новак задржуваше игра против Нарди и тоа не беше во ред. Дури на моменти и кога не беше во право за некои поени, тој повторно лудуваше кон судијата на мечот, а притоа знаеш дека си фаворит и играш против се уште не афирмиран тенисер. Мислам дека Новак Ѓоковиќ се обидуваше да игра со нервите на момчето Лука Нарди, но не му успеа тоа, порача Енди Родик.

Новак Ѓоковиќ беше шокантно поразен на мечот против Лука Нарди, младото момче од Италија кој забележа прогрес напред на табелата и неговото име стана видливо во очи на останатите конкуренти во овој спорт.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО