Партизан има нестварна публика, но со тоа имаат и еден страшен проблем

Кошаркарскиот клуб Партизан денес најави дека ќе поднесе кривични пријави против лицата кои овозможиле влез на поединци во салата без влезници, против оние кои препродавале карти, но и против оние кои фалсификувале влезници за мечот против Реал Мадрид.

Партизан синоќа во преполната „Штарк Арена“ го угости тимот на Реал Мадрид од кои загубија во рамки на 31. коло во Евролигата.

Партизан преку соопштение на клупскиот сајт, најави правни дејствија против луѓето кои дефинитивно се користат со трикови и манипулации за лично богатење.

– На основа на соберени докази, клубот ќе поднесе кривични пријави против лица кои овозможиле влез на луѓе без влезници, но и против сите тие кои препродаваат и фалсификуваат карти за натпреварите. Иако според правилата на клубот тоа строго се забранува, постојат докази за злоупотреба од поединци кои се вработени во Партизан, како и против припадници на приватни и јавни органи задолжени за безбедност, порачаа од Партизан.

Синоќа неофицијално во салата биле присутни преку 24.000 луѓе, што е нестварна бројка, па од таму се доаѓа до заклучок дека има валкани игри.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО