Ристовски победата над Риека и ја посвети на својата мајка, имаше и порака за навивачите

Фудбалерот на Динамо, Македонецот Стефан Ристовски се огласи на социјалните мрежи по големата победа на „модрите“ над Риека (2:1), a им испрати и порака на навивачите на Риека.

– Не ве мразам, но ја изгубивте сета моја почит. Семејството е над фудбалот. Над се’, напиша Ристовски и победата и ја посвети на својата мајка која неодамна почина.

Ова беше специјален меч за Ристовски кој со Риека ја прослави титулата во сезоната 2016/17. Нетрпеливоста меѓу навивачите на Риека и Ристовски трае подолго време, а во неделата во неколку наврати домашните навивачи го исвиркуваа, а на трибините беа забележани и неколку провокативни слогани на негова сметка.

Откако фудбалерите на Динамо доцна ноќеска пристигнаа на Максимир, каде што по големата победа ги пречекаа навивачите, Ристовски излезе од автобусот и испеа погрдна песна: „ К** ќе биде Риека шампион“!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО