Ф1, ГН на Мајами: Прва победа за Норис на 110-та трка!

Пилотот на Мекларен, Ландо Норис (24) доцна синоќа победи на трката за Големата награда (ГН) на Мајами во Формула 1 (Ф1). Норис ја забележа првата победа во Ф1 на 110-та трка во кариерата.

Второто место го зазеде возачот на Ред Бул и актуелен светски првак, Макс Верстапен, а трет заврши Шарл Леклер од Ферари. По шест трки, во генералниот поредок води Верстапен со 136 бода, пред Перез со 101 и Леклер со 98 бода.

Норис е 21-от британски возач кој победил на ГН во Ф1, вкупно 114-ти победник. Норис се израмни со Патрик Депаје, Жан Алези, Мика Хакинен и Еди Ирвин за најмногу пласмани на подиумот пред првата победа (15).

Верстапен стартуваше од пол- позицијата и едвај го избегна Перез, кој се обиде да се пробие пред него уште во првиот свиок. Леклер не се снајде најдобро во таа мешаница, но сепак го задржа второто место.

Клучен беше 29-тиот круг кога се појави безбедносното возило откако Магнусен и Сарџент се судрија. Перез веднаш тргна да менува гуми, по што го следеше и Норис, кој прв се врати на патеката, пред Верстапен, Леклерк и Пјастри. Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози на 19 мај во Имола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО