Револуционерни промени: На Филипините се воведува шут за четири поени

Поради сложеноста, кошарката честопати беше предмет на големи промени во историјата. На почетоците, кошарката беше спорт во кој немаше дриблинг или шутирање за три поени, но тоа се менуваше со текот на времето.

Сега се најавува нова промена. На Филипините решија да воведат шут за четири поени, концепт кој веќе некое време е присутен и во НБА, на Ол-стар настаните.

Сега тоа ќе биде дел од регуларна лига што може да значи неколку работи, а една од нив е тоа што во реални ситуации ќе тестира како се’ функционира. Слично прават и во АЦБ лигата каде што постои правило судијата да не мора да ја „проверува“ топката пред да ја врати во игра.

Како што пренесуваат филипинските медиуми, ова ново правило ќе се применува за време на Купот на гувернерите, што ќе почне во средината на август, а слично нешто беше забележано и на нивниот Ол-стар натпревар.

Линијата ќе биде поставена на растојание од 8,20 метри од кошот. Според правилата на ФИБА сегашното растојание за три поени изнесува 6,75 метри.

Ова правило, доколку се спроведе посериозно, не би требало да промени многу работи во моментов, но за деценија-две ќе почнат да се појавуваат млади играчи кои конкретно работеле на тој удар, што може да доведе до голема промена во кошаркарската тактика.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО