Македонскиот одбојкарски репрезентативец Лука Костиќ потпиша едногодишна соработка со кипарскиот прволигаш Анагениси Дериниа.
Костиќ вели дека е задоволен од примањето во тимот, одлично се вклопил со соиграчите и ја чувствува позитивната атмосфера.
Тој ќе дебитира веднаш на почетокот на кипарскиот шампионат, кој стартува викендов.
Претходно во кариерата Костиќ настапуваше за клубови како: Босна, Рибница, Марек Дупница, Будуќност, Џио Струмица, Гок Борец и Вардар.