Тимот на Мерцедес официјално соопшти дека Џорџ Расел и Андреа Кими Антонели ќе продолжат да возат за тимот и во следната сезона.
Останувањето на двајцата, според Мерцедес, било само прашање на време, но беше одложено бидејќи се преговарало за обврските на Расел надвор од патеката.
Британецот Расел е „производ“ на програмата за млади возачи на Мерцедес, а за својот сегашен тим ќе вози петта сезона. Во тековната сезона, тој надмина очекувања со победи во Канада и Сингапур, и значајно придонесе тимот да биде на второто место во конкуренцијата на конструктори.
Антонели, кој ја започна својата дебитантска сезона оваа година, го презема местото на Луис Хамилтон. Неговиот настап бил полн со подеми и падови — имаше моменти кога му недостасувала самодоверба, но исто така знаеше да блесне, завршувајќи неколку трки меѓу првите пет места.
Следната сезона ќе означи голема промена во Формула 1, бидејќи започнува нова регулатива и нови правила, а првата трка од следната сезона е Големата награда на Австралија на 8 март.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: