МЗТ Скопје Аеродром потпиша договор со Лесни Ворнер

Американскиот кошаркар Лесли Ворнер е најновото засилување на МЗТ Скопје, откако денеска официјално стави потпис на договорот со нашиот клуб.

Станува збор за искусен крилен кошаркар, кој зад себе има богато европско искуство.

По четирите години минати на Универзитетот Рио Гранде, првиот ангажман на Стариот континент го имаше во австриски Грац во сезоната 2021/22, која ја заврши во редовите на британски Њукасл.

Потоа настапуваше за Капфенберг (Австрија), Славија Прага и Усти над Лабем (Чешка), Короивос (Грција), додека минатата сезона ги бранеше боите на литванскиот прволигаш Јонава.

Ворнер е третото интернационално засилување на МЗТ Скопје за новата сезона, по сонародникот Ноа Фарахан и босанскиот центар Емир Крајиниќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО