Реал Мадрид размислува за враќање на Одегард на „Сантијаго Бернабеу“!

Играчот од средниот ред на Арсенал и на Норвешка, Мартин Одегард (25) би можел да се врати во Реал Мадрид чиј член беше од 2015 до 2021 година, главно минувајќи сезона по сезона на позајмица.

Според некои информации Реал Мадрид ќе се обиде да го ангажира Норвежанецот во претстојниот летен преоден рок. Ривал на „кралевите“ по ова прашање би можел да биаде ПСЖ, но сигурно на двата клуб нема да им биде лесно да го убедат да го напушти Арсенал.

Одегард дојде во Арсенал во 2021 година, а сезонава веќе одигра 30 натпревари во сите натпреварувања на кои постигна седум гола и петпати асистираше.

Договорот на Одегард со „топчиите“ е до јули 2028 година. Неговата цена на фудбалскиот пазар, според интернет порталот Трансфермаркт, изнесува 90 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО