Куп на Македонија во кошарка: Почнаа возбудувањата во Битола

Со првиот меч меѓу бранителот на трофејот, МЗТ Скопје Аеродром и Гостивар денеска напладне во салата „Боро Чурлевски“ во Битола започна фајнал-8 турнирот за 32. Куп на Македонија во кошарка, „Благоја Георгиевски Биуштур“

Системот за натпреварување останува ист, осумте најдобропласирани екипи во регуларниот дел од Првата лига, обезбедија место, односно пат до „градот на конзулите“. Пелистер ја доби довербата да биде организатор на завршниот турнир, кој ќе се одржи во наредните три дена, од 15 до 17 февруари.

Пласманот по 11-те.одиграни кола ги формираше четирите натпреварувачки двојки во првата четвртфинална рунда..

По првиот меч, единствениот дебитант во ова друштво, екипата на Чаир 2030 ќе се обиде да излезе како победник во мечот со кавадаречки Еуро Никел 2005 (14.30 часот).

Потоа, од 17.30.часот, на програмата е дуелот меѓу скопските соседи од „Кале“, екипите на Работнички и на ТФТ Моцарт. Во последниот меч денеска (19.30 часот) домаќинот на турнирот, Пелистер за место во полуфиналето ќе игра со Феникс 2010.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО