Промена на терминот за пријателскиот натпревар помеѓу БиХ и Македонија

Дуелот меѓу БиХ и Македонија е закажан од пред еден месец и ќе се игра во Сараево, а од босанската федерација денеска информираа дека има промена во терминот.

Поточно, наместо во 18:00 часот, како што беше првично закажан, натпреварот ќе започне од 20:45 часот.

– Со согласност на двете федерации, има промена во терминот на пријателскиот натпревар меѓу репрезентациите на Босна и Херцеговина и Македонија. Место претходно планираното време од 18:00 часот, натпреварот ќе се игра во 20:30 часот.

Средбата е закажана за 29 мај 2026 година на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ во Сараево. Со ова ги известуваме сите навивачи дека купените билети остануваат валидни и дека не е потребно да се прават никакви промени. Им благодариме на јавноста за нивното разбирање, беше објавено на официјалната веб-страница на ФС БиХ.

БиХ на Светското првенство се наоѓа во група со Швајцарија, Канада и Катар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО