Реал Мадрид ќе му понуди нов договор на голманот Лунин

Реал Мадрид ќе му понуди нов договор на голманот, 25-годишниот Украинец, Андриј Лунин, пишува Фабрицио Романо.

Лунин одлично се снајде како замена за повредениот Тибо Куртоа и од Реал Мадрид сакаат да го задржат во тимот. Актуелниот договор на Лунин му истекува во летото 2025 година.

Реал се надева дека Украинецот ќе сака да остане во клубот и да биде прв избор, додека Куртоа не закрепне. Белгиецот деновите по втор пат беше операиран и ќе паузира неодредено време.

Лунин е дел од „кралскиот клуб“ од 2018 година, кога беше купен од Зорја Луганск, а одредени периоди мина на заем во Валјадолид и во Овиедо.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО