Челси ќе се обиде со капитенот на Интер, доколку не успее со Осимен

Челси внимателно го следи играчот на Интер, Лаутаро Мартинез, во потрагата по нов предводник на нападот.

Англиските медиуми пишуваат дека на „Стамфорд Бриџ“ се надеваат оти ќе успеат да ангажираат докажан стрелец. На нивниот спписок на желби како потенцијални засилувања се ѕвезди во Серија А.

Прв избор на Челси останува напаѓачот на Наполи, Нигериецот Виктор Осимен кој минатата сезона го однесе тимот до првото „скудето“ по три децении. Од Наполи очекуваат клубот што сака да го купи да плати за него околу 150 милиони евра.

Доколку „сините“ не успеат да го ангажираат Осимен, тогаш ќе се обидат со Лаутаро Мартинез од Интер. Аргентинецот има уште две години од договорот со екипата од Милано, која преговара со него за нов договор со подоберни финансиски услови.

Интер е подготвен да го направи Мартинез најплатен играч во тимот за да го задржи на „Џузепе Меаца“. Мартинез постигна 23 гола на 26 натпревари во Серија А, вкупно 26 во сите натпреварувања сезонава. По се’ изгледа дека тој сезоната ќе ја заврши со „Златната копачка„ во Италија и со шампионската титула во „калчото“.

Тимот на Симоне Инзаги има 14 бода предност пред градскиот ривал, Милан на врвот на табелата.

Прашање за Челси, сепак, ќе биде колку тие ќе можат да издвојат за кој било напаѓач, бидејќи клубот на Тод Бели мора да биде многу внимателен со правилата за финансискиот фер-плеј.

Интер, исто така, имаше свои грижи од овој аспект во последните сезони. Се зборува дека понуда од околу 95 милиони евра би можела да ги натера „нероаѕурите“ да го продадат капитенот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО