Неизвесна иднината на Грилиш во Манчестер сити

Иднината на Џек Грилиш во Манчестер сити е доведена во прашање, бидејќи „граѓаните’ планираат да го реконструираат тимот летово.

Сити ќе се обиде да триумфира во Премиер лигата, четврта сезона по ред, во Лигата на шампиони (ЛШ) и во ФА купот, што би би била втора тројна круна по ред, но потоа и да го „освежи“ тимот.

Тоа може да значи продажба на некои од „големите“ имиња на „Етихад“, а еден играч чија иднина е далеку од сигурна, е Џек Грилиш (28).

Репрезентативецот на Англија, поранешната ѕвезда на Астон вила, имаше тешка сезона со голем број повреди и допрва треба да се врати во тимот. Во Сити се загрижени поради недостигот на напредок во играта на англискиот репрезентативец кој добива 300.000 фунти неделно.

Грилиш пристигна на „Етихад“ во 2021-та и потпиша шестгодишен договор за 100 милиони фунти.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО