РАИ: Конте и Наполи се договориле за тригодишна соработка

Aнтонио Конте се враќа на тренерската работа. Според италијанскиот медиумски сервис „РАИ Спорт“, Конте и Наполи се согласиле за тригодишна соработка. Од друга страна „Калчонаполи24“ исто така пишува дека Конте ќе биде новиот тренер на Наполи, а ќе заработува по 6,5 милиони евра по сезона.

Наполи оваа сезона имаше три тренери: Руди Гарсија, Валтер Мацари и Франческо Калцона.

Конте е без работа по напуштањето на Тотенхем во вториот дел од сезоната 2022/23. Претходно тој работеше во Интер, Челзи и Јувентус.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО