Милан во напредни преговори со Лопетеги

Раководството на Милан напредува во разговорите со Хулен Лопетеги. 57-годишниот стручњак од летото е главен фаворит за нов тренер на „росонерите“.

Миланскиот гигант ќе се раздели со актуелниот тренер Стефано Пиоли и желба на газдите е Лопетеги да го замени.

За шпанскиот стручњак е заинтересиран и Вест Хем, но тој приоритет му дава на Милан, пишува новинарот Матео Морето.

Тренерот имал позитивни разговори со одговорните фактори на „Сан Сиро“ околу проектот на италијанскиот клуб, а се очекува тие да продолжат и во наредните денови.

Лопетеги последен пат беше на чело на Вулверхемптон. Ги водеше претходно и Порто, Реал Мадрид, Севиља и шпанската репрезентација.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО