Прво четвртфинале на Вимблдон за Зверев

Прв пат во својата кариера, 29-годишниот германски тенисер Александар Зверев ќе настапи во четвртфиналето на грен слем турнирот во Вимблдон, откако денеска триумфираше над Чехот Јиржи Лехечка со 6-4, 7-5, 3-6, 7-6(6).

Овој осминафинален дуел беше прекинат во понеделник, точно на полноќ, при водство на Зверев од 2-0 во сетови и 3-3 во гемови во третиот сет.

Во продолжението на натпреварот, Лехечка освои три врзани гема и се избори за четврти сет.

Зверев со многу мака успеа да го однесе сетот во тајбрејк и откако пропушти две меч топки при водство од 6-4, освои два врзани поени при 6-6 и се пласираше во четвртфиналето.

Негов следен противник ќе биде американскиот тенисер Тејлор Фриц.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО