Радовиш со гол од слободен удар го победи Еурофарм Пелистер 2 и се пласираше во Супер лигата

Ракометарите на Радовиш по едногодишна пауза повторно се враќа во Супер лигата, откако во суперлигшакиот бараж, со гол од слободен удар, го совлада Еурофарм Пелистер 2 со 27:26. Херој на Радовиш беше искусниот Здравко Постолов, кој го постигна победничкиот гол за голема радост на тимот од Радовиш.

Натпреварот започна со изедначена игра и се играше гол за гол, а потоа

Еурофарм Пелистер 2 успеа да го„скрши“ мразот и да дојде до позитива од плус два, 8:6. Од тој момент, Битолчани доминираа до крајот на првиот дел кој го завршија со предност од 14:9. Вториот дел почна со добра игра на Еурофарм Пелистер 2 и ја одржуваа предноста се до 52 минута кога радовиш се доближи и дојде до негатива од -1 (23:22). Пресвртот се случи во последната минута кога Радовиш со серија од 3:0 го презеде водството, поведе со 26:25.

Еурофарм Пелистер 2 во својот последен напад се избори за пенал, реализираше Калајџиовски за 26:26, а по истекот на времето, искусниот Постолов од слободен удар погоди за 27:26 и донесе голема радост за радовишани.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО