Аргентинските фудбалери се пласираа во финалето на Светското првенство.
„Гаучосите“ ќе имаат можност да ја одбранат светската круна, бидејќи успеаја да ја победат Англија со 2:1 по пресврт.
Хероите на Аргентина се Енци Фернадез и Лаутаро Мартинез, првиот изедначи со спектакуларен гол во 85-та, а вториот во 92-та минута го постигна голот за победа. Асистент за двата гола беше Лионел Меси.
Стрелец на голот за Англија беше новот играч на Барселона, Ентони Гордон во 55-та минута, по лошата дефанзивна реакција на Нахуел Молина.
Англија ќе почека на втората титула во својата историја уште најмалку четири години. Вината за поразот сигурно ќе ја бараат во селекторот Томас Тухел, и неговите измени со кои им овозможи на Аргентинците да редат напади пред голот на Џордан Пикфорд во последните 20 минути.
По здодевното прво полувреме во кое буквално ништи не се случи, во второто Аргентинците решија да играат фудбал, а Англичаните да чекаат можност преку контранапади.
Хулијан Алварез имаше шанса на стартот од вториот дел, а потоа студен туш за Аргентина. Роџерс нафрли на втората статива, Молина имаше бавна рекација, а Гордон ја смести топката во голот.
Од тој момент започна опсадата на голот на Англија. Пикфорд спектакуларно го одбрани ударот на Нико Гонзалес, Алексис Мекалистер ја погоди стативата, Енцо Фернандез се обиде од далечина, а Пикфорд повторно одбрани.
Сепак голманот на Англија не можеше да го одбрани проектилот на Енцо во 85-та минута. Во 91-та, стативата уште еднаш беше негов сојузник, повтороно по ударот на Мекалистер, но само една минута подоцна, Меси центрираше, а Лаутаро Мартинез меѓу двајца дефанзивци на Англија, од пет метри ја закова топката во голот.
Аргентина се пласира во финалето, титулата ќе ја брани в недела, против европскиот првак, Шпанија.