Милевски: Ако сакаме да видеме до каде сме, треба да играме против екипи како Чешка

Македонската фудбалска репрезентација утре ја очекува нов пријателски-контролен натпревар на гостински терен. По поразот од Хрватска во Ријека , утре нашите фудбалери гостуваат кај Чешка. Пред натпреварот на прес-конференцијата зборуваше селекторот Благоја Милевски кој даде свое видување за оваа средба и подготвеноста на играчите за последниот натпревар ова лето.

„За три до четири дена не можете ништо да подобрите, посебно во овој дел од сезоната на физички план. Работевме на освежување на тимот, задоволен сум тоа што сите се здрави, освен како што знаеме Енис Барди не може да биде со нас. По тренингот кој го имаме, сите работи околу составот ќе ги оставиме за потоа. Се надевам дека сите ќе бидат спремни да се стават на располагање за она кое не очекува.

Кога сте учесник на едно Европско првенство, тоа е доволен доказ за квалитет. Чешка покажа дека е квалитетна репрезентациај со извонредни играчи од Премиер лгиата, Бундеслигата и Серија А, но имаат и голем број на домашни играчи од квалитетна лига низ која ја црпат базата за А-репрезентацијата. Не очекува противник сосема различен од типот на Хрватска.

Неслучајно ги прифативме овие покани за пријателски натпревари, затоа што лично мислам и уверен сум дека ние како тим и репрезентација може да напредуваме ако играме тип на мечеви со поквалитетни ривали од нас, за да го видиме нашиот реален квалитет и домет во моментов.

Од некои моменти не бев задоволен со Хрватска, пред се од второто полувреме, треба да ги елиминираме. Говорам за оние аномалии за трпението, системот и тактичката дисциплина. Физичката подготовка е фактор број еден за да бидете на ниво цели 90 минути, но што е, тука е. Одиме да го извадиме максимумот, иако сме свесни дека е крај на сезоната и заморот е присутен кај играчите, како и проблемите кои ги имаат дел од играчите во клубовите“, изјави Милевски

Македонија и гостува на Чешка во Храдец Кралове каде утре од 18 часот ќе го одиграат својот натпревар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО