Френки де Јонг ги продолжи тренинзите неколку дена пред почетокот на ЕП 2024

Играчот од средниот ред Френки де Јонг ги продолжи тренинзите, објави селекторот на холандската репрезентација Роналд Куман.

Враќањето на плејмејкерот е одлична вест за Куман само една недела пред првиот натпревар на „лалињата“ на УЕФА ЕУРО 2024 во Германија. Играчот од средниот ред на Барселона изминатава недела се подготвуваше индивидуално, бидејќи не играше од април поради повреда на зглобот.

– Френки денеска тренираше со групата, но ние се уште го држиме надвор од секаков контакт. Тој нема да игра на тестот против Исланд в понеделник и можеби нема да биде достапен за првиот натпревар на Европското првенство, изјави Куман.

– Се надевам дека ќе биде подготвен за нашиот втор или трет натпревар. Во наредните денови ќе процениме како се одвива неговото закрепнување. Ако оцениме дека нема шанси да игра на ниту еден од трите натпревари во групната фаза, би можел исто така да биде надвор од составот, додаде Куман.

Првиот натпревар на Холандија на ЕП 2024 е следната недела во Хамбург против Полска. Тоа е и крајниот рок во кој Куман може да направи промени во својот тим поради повреди.

-Имаше играчи кои беа одморени во последните недели и дојдоа во кампот сосема свежи. Имаше и други кои не можеа да одиграат 90 минути, но во последните денови трениравме многу добро. Сега повторно ќе го намалиме товарот за да бидеме максимално енергични за стартот на турнирот, заврши Куман.

Последниот тест на Холандија пред ЕП 2024 против Исланд е во понеделник во Ротердам.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО