Фудбалерите на Милан денеска ја победија Венеција на гостински терен со 2:0, во рамките на 34 коло од најсилното италијанско првенство.
Кристијан Пулишиќ го доведе Милан во водство со гол во петтата минута, а Сантијаго Томас Хименез го постави конечниот резултат со гол во шестата минута од судиското продолжение на второто полувреме. Голот постигнат од играчот за врска на Венеција, Џон Јебоа, во 34 минута беше поништен поради офсајд.
Милан е деветти на табелата во Серија А со 54 бодови, додека Венеција го зазема претпоследното, 19 место со 25 бодови.
Двата клуба ќе играат на гостински терен во следната рунда, Милан против Џенова, а Венеција против Торино.
Комо ја победи Џенова со 1:0 на домашен терен. Победничкиот гол за Комо го постигна Габриел Стрефеца во 59 минута.
Комо, по четвртата последователна победа, го зазема 11 место на табелата со 42 бодови, додека Џенова е на 13 позиција со 39 бодови. Комо во следното коло ќе игра на гости против Парма.