Де Роси: Им реков на сопствениците да ми платат колку сакаат

Даниеле Де Роси во вторникот беше претставен како нов тренер на Рома со договор до крајот на сезоната. Легендата на Рома како играч го носеше дресот на клубот од 2001 до 2019 година, а сега треба да покаже што знае како тренер наследник на Жозе Мурињо.

Што значи за него враќањето во Рома, јасно се гледа од изјавите кои ги даде од новата функција во клубот.

-Им реков на сопствениците:-Вие напишете ја сумата што сакате да ми ја платите и јас ќе ја прифатам. Единственото нешто што го побарав беше бонус ако успееме да се квалификуваме во Лигата на шампионите. Нема да го правам тоа во текот на целата мојата тренерска кариера, но мислам дека ова е голема можност за мене. Нема клаузула за автоматско продолжување во договорот со клубот. Се договоривме да соработуваме шест месеци, изјави Де Роси.

За Рома одигра повеќе од 600 натпревари

-Побарав да ме третираат само како тренер. Не како поранешен играч, легенда или симбол на клубот. Немам потреба да трчам по стадионот со маскота. Ќе дадам се од себе да останам овде додаде тој.

Де Роси во Рома забележа 616 настапи. За италијанската репрезентација одигра 117 натпревари и беше член на тимот кој во 2006 година стана светски шампион во Германија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО