Прва турнирска победа за Синер како светски рекет број еден

Италијанецот, Јаник Синер го забележа првиот турнирски триумф како светски рекет број 1 со победата над Полјакот, Хуберт Хуркач, на Хале опен, на тревната подлога, во два сета, со 7:6 (10:8) и 7:6 (7:2).

Синер во јануари го освои првиот грен слем турнир, Австралија опен во Мелбурн, и на почетокот од јуни го замени Новак Ѓоковиќ на врвот на светската ранг листа.

Синер загуби само три меча годинава, два од Карлос Алкараз, на Ролан Гарос и во Индијан Велс, и еден од Стефанос Циципас, во Монте Карло.

Тој ќе биде прв носител на грен слем турнирот во Вимблдон што почнува на 1 јули, каде што ќе се обиде да направи чекор подалеку од ланското полуфинале.

– Му се радувам на Вимблдон. Минатата година стигнав до полуфиналето, играв добар тенис, ќе видиме што ќе се случи гoдина, изјави 22-годишниот Синер.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО